ПРВ.мк
Црна Хроника

СНИМАЛ ЕКСПЛИЦИТНА СОДРЖИНА БЕЗ СОГЛАСНОСТ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ: 19-годишник од ќе одговара кривично!

СНИМАЛ ЕКСПЛИЦИТНА СОДРЖИНА БЕЗ СОГЛАСНОСТ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ: 19-годишник од ќе одговара кривично!

Кривична пријава е поднесена против 19-годишниот А.М. од Кочани, кој е осомничен за полово вознемирување и злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина.

Пријавата ја поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница, поради сомнение дека младиот кочанчанец во периодот од 30 јули до 7 август 2026 година направил експлицитни видеоснимки и фотографии од 18-годишна девојка од виничкиот регион, без нејзина согласност.

Според информациите објавени во полицискиот билтен, осомничениот користел мобилни апликации и електронски уреди за создавање на фотографиите и видеоматеријалите.

Но, според пријавата, тука не завршило вознемирувањето. Потоа преку социјалните мрежи ѝ испраќал пораки со навредлива содржина, ја вознемирувал и ѝ се заканувал дека експлицитните материјали ќе ги сподели со други лица.

Поради овие постапки, против 19-годишникот е поднесена кривична пријава за две кривични дела, а случајот ќе продолжи во надлежна постапка.

Најнови вести