ПРВ.мк
Македонија

ДАНОК НА ШЕЌЕР, ЗАБРАНА ЗА „ЏАНК“ ХРАНА ВО УЧИЛИШТАТА И ПОВЕЌЕ СЕНЗОРИ: Апел за рано делување во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот!

ДАНОК НА ШЕЌЕР, ЗАБРАНА ЗА „ЏАНК“ ХРАНА ВО УЧИЛИШТАТА И ПОВЕЌЕ СЕНЗОРИ: Апел за рано делување во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот!

Во пресрет на 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот, министерот за здравство заедно со директорот на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања, проф. д-р Ирфан Ахмети, денеска упатија заедничка порака за неопходноста од рано делување и превенција.

Алармантните податоци покажуваат дека повеќе од 40 отсто од луѓето со дијабетес воопшто не знаат дека ја имаат болеста, поради што дијагнозата често се поставува доцна, кога веќе се појавиле сериозни компликации, и тоа во најпродуктивната возраст.

Како главни ризик-фактори се посочуваат нездравата исхрана и отсуството на физичка активност. Затоа, здравствените власти нагласуваат дека е потребна широка општествена согласност за воведување конкретни превентивни мерки:

  • Забрана за „џанк“ храна: Целосна забрана за продажба на нездрава, брза храна во училиштата;
  • Здрави оброци за учениците: Воведување овошје, зеленчук и свежо приготвена храна во училишната исхрана;
  • Данок на шеќер: Воведување данок на додаден шеќер во пијалаците;
  • Засилен скрининг: Рано откривање на болеста во примарната здравствена заштита и поголема улога на систематските прегледи;
  • Подобра грижа за пациентите: Фокус на проширување на следењето со сензори и воведување нови терапии за одложување на компликациите кај лицата кои веќе живеат со дијабетес.

Од Министерството упатуваат јасен апел до граѓаните да не ги игнорираат раните симптоми како што се постојан замор, зголемена жед и заматен вид, и навремено да направат лекарски преглед.

Најнови вести