Во тек се градежни активности за изградба на нова атмосферска канализација на улицата „Илчо Димов“ во должина од 150 метри, со што Општина Кавадарци продолжува со реализација на проекти за подобрување на комуналната инфраструктура.
Со реализацијата на овој зафат се очекува да се овозможи поефикасно собирање на атмосферските води, да се намали ризикот од нивно задржување на коловозот, како и значајно да се подобрат условите за секојдневно функционирање и движење на жителите од овој дел на градот.
Од Општината порачуваат дека и во периодот што следи ќе продолжат со континуирани инвестиции во комуналната инфраструктура, со крајна цел создавање побезбедна, пофункционална и поквалитетна урбана средина за сите граѓани.




