ПРВ.мк
Црна Хроника

НАСИЛЕН УПАД ВО СУД: Влегол кај јавен обвинител, па со остар предмет нападнал судски полицаец!

НАСИЛЕН УПАД ВО СУД: Влегол кај јавен обвинител, па со остар предмет нападнал судски полицаец!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против 30-годишниот И.Ј. од Гостивар, поради сомнение за сторени две кривични дела – „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Според информациите од полицијата, пријавениот насилно влегол во канцеларијата на јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Гостивар, каде што упатувал закани.

Инцидентот продолжил во ходникот на Основниот суд во Гостивар, каде што 30-годишникот, според пријавата, со остар предмет нападнал судски полицаец.

По преземените активности, против него е поднесена кривична пријава за двете дела, а случајот продолжува во надлежна постапка.

Најнови вести