ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Четиримесечно бебе завршило на интензивна нега поради изгладнување, уапсени родителите!

ХОРОР ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Четиримесечно бебе завршило на интензивна нега поради изгладнување, уапсени родителите!

Родителите на четиримесечно бебе се уапсени во грчкиот град Патра, откако детето било примено во болница во исклучително тешка состојба, со знаци на изгладнување. Бебето било сместено на одделението за интензивна нега, а лекарите веднаш го пријавиле случајот во полиција.

Според информациите од грчката полиција, детето во средата било донесено во болницата во состојба опишана како „полумртва“. По укажаната медицинска помош, неговата здравствена состојба почнала да се стабилизира, поради што било префрлено од интензивна нега на редовно болничко одделение.

Сомнежите за сериозно запоставување се појавиле откако медицинскиот персонал ги известил надлежните органи за состојбата во која било донесено бебето.

Истражителите, според полициските сознанија, утврдиле дека родителите редовно го оставале детето без храна, што довело до неговата тешка состојба и потребата од итна хоспитализација.

Двајцата родители биле уапсени во четвртокот и сега се соочуваат со сериозни обвиненија за обид за убиство преку запоставување, како и за семејно насилство.

Истрагата треба да ги утврди сите околности поврзани со случајот, додека бебето продолжува да добива медицинска нега во болницата.

Најнови вести