ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОГУБЕН МАЖ ПОРАДИ СУРОВО УБИСТВО НА ТРИ ДЕЦА: Ова се неговите последни зборови пред смртта!

ПОГУБЕН МАЖ ПОРАДИ СУРОВО УБИСТВО НА ТРИ ДЕЦА: Ова се неговите последни зборови пред смртта!

Пред извршувањето на казната, тој порача дека веќе не е таа личност каква што бил некогаш и изрази љубов кон својата сопруга.

  • Сакам да кажам дека ми е жал за семејството на мојата сопруга. Не можам да го променам минатото, но можам да ви кажам дека мојот живот наскоро ќе заврши. Но, тоа нема да ве направи среќни. Наскоро ќе бидам со моите деца. Подготвен сум да одам во рајот и да бидам со мојот Господ и Спасител – наведе тој.

Злосторството се случило на 11 март 2003 година во стан без прозорци, во кој Рубио и неговата вонбрачна сопруга Анџела Камачо убиле три деца. Рубио не бил биолошки татко на двете постари деца, но ја презел родителската улога во нивното растење.

Според судските документи, во периодот пред убиствата, Рубио тврдел дека децата се опседнати и се претставувал себеси како „избраниот“ кој треба да го спаси светот.

За време на судењето, тој се изјаснил дека не е виновен поради непресметливост. Експертите на одбраната му дијагностицирале параноидна шизофренија, но вештаците на обвинителството ги оспориле таквите наоди.

Неговата одбрана укажувала и на тешкото детство, обележано со семејно насилство, проблематични родителски односи и изложеност на злоупотреба на дроги и проституција.

Камачо ја признала вината за својата улога во убиствата и отслужува доживотна затворска казна.

По злосторството, зградата во која биле убиени децата е урната, а на тоа место подоцна биле уредени парк и заедничка градина.

Погубувањето на Рубио беше второ извршување на смртна казна во САД во четвртокот. Неколку часа претходно, во Оклахома со смртоносна инјекција беше погубен Џејмс Павет (73), осуден поради планирање и извршување на убиството на поранешниот сопруг на неговата партнерка во 2001 година.