Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наводно имале, како што се опишува, „пеколна караница за време на која урлале“ додека се расправале за следните чекори во војната со Иран.
Односите меѓу двајцата лидери често биле затегнати како што се одолговлекувала војната, иако Трамп останал непоколеблив во поддршката за Израел. Најновиот судир се случил за време на викендот кога Нетанјаху инсистирал да продолжи конфликтот, додека претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) се залагал за прекин.
Трамп и Нетанјаху се судриле за време на викендот бидејќи Нетанјаху инсистирал на повторно започнување на судирите, додека претседателот на САД останал на ставот дека е потребно да се постигне мир преку преговори бидејќи нема никаков интерес да ја продолжи војната, јавија израелските медиуми „Ynet“ и „Једиот Ахронот“.
- Нетанјаху го бара секој ден за да го повика да ја продолжи војната. Оние кои не сакаат војна внатре во Белата куќа и надвор од неа се обидуваат да се борат против тоа – рекол еден од изворите на „Фајненшел тајмс“.
За време на еден телефонски разговор, двајцата лидери се скарале, наведуваат добро упатени извори. Од друга страна, портпаролите на Нетанјаху жестоко ги демантираа овие наводи, нарекувајќи ги „лажни вести и целосна бесмислица“. Разговорот „воопшто не бил тежок“, додаде еден висок израелски функционер.
Извештаите за овој судир пристигнуваат во момент кога двајцата лидери ги губат лостовите на власта. Републиканската партија на Трамп во јануари останува без мнозинство во Конгресот по „синото цунами“ на меѓуизборите, додека Нетанјаху е далеку од мнозинството потребно за да ја задржи премиерската функција по израелските избори.
Историја на жестоки пресметки поради Либан и Иран Ова не е прв судир на двајцата светски лидери откако ја започнаа заедничката војна против Иран. Во мај, Трамп и Нетанјаху вербално се судрија околу нападот врз Иран, само неколку часа откако пропадна планот за соборување на режимот во Техеран во првите денови од војната. Тој повик израелскиот „Канал 12“ го опиша како „долг и драматичен“.
- Ти си ено луд. Ќе беше в затвор да не бев јас. Ти го чувам гот. Сега сите те мразат. Сите го мразат Израел поради ова – наводно рекол тогаш Трамп.
Во јуни Трамп го повтори тврдењето дека „Израел немаше ни да постои“ без него, а на новинарите на самитот на Г7 во Франција им рече дека војната на Израел со Хезболах трае предолго и го повика Нетанјаху да биде „поодговорен“.
- Не морате да срушите цела станбена зграда секојпат кога барате некого, бидејќи во тие згради живеат многу луѓе и не се сите од Хезболах, тоа можам да ви го гарантирам – рече Трамп за време на билатералната средба со катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ел Тани.
Неколку недели подоцна Трамп повторно го критикуваше Нетанјаху пред да се заколне дека ќе ја уништи последната иранска нуклеарна постројка, закопана длабоко во планината Пикакс. Претседателот на САД тогаш го критикуваше израелскиот лидер бидејќи им рекол на новинарите дека ќе му претстави докази оти Иран и понатаму развива нуклеарна програма на таа локација.
Укинување на американската помош од четири милијарди долари Сепак, во последните месеци се чинеше дека двајцата лидери добро се согласуваат, а Трамп ги презеде заслугите за растот на рејтингот на Нетанјаху пред изборите, давајќи му „целосна и апсолутна поддршка“ на 18 октомври, девет дена пред гласањето. И покрај тоа, премиерската позиција на Нетанјаху е загрозена откако израелскиот претседател Исак Херцог му го довери мандатот за состав на нова влада на лидерот на опозицијата Гади Ајзенкот.
Трамп исто така изјави дека САД до крајот на годината ќе ја укинат финансиската помош за Израел, откако за тоа постигнал договор со Нетанјаху.
- Ним тоа не им треба. Зошто би трпеле напади од лудаци како Абдул Ел-Сајед (првиот муслимански сенатор во историјата на САД) кога не им е потребно? Повеќе не им треба, Израел е просперитетна земја – рече Трамп во интервју за „Фокс“, додавајќи дека тој и Нетанјаху уште пред неколку месеци договориле прекин на исплатата од четири милијарди долари годишно.
Сепак, тој нагласи дека Америка, и покрај укинувањето на неповратната помош, ќе продолжи да му продава оружје на Израел и дека ќе му помогне доколку околностите се променат.
Израел постепено ќе ја укине американската воена помош и ќе премине на нов модел на соработка со Вашингтон заснован на партнерство, соопшти вчера кабинетот на Нетанјаху.








