ПРВ.мк
Македонија

ЗДРАВЈЕТО НЕ ЗНАЕ ГРАНИЦИ: Средба на министерот за здравство со директорката на Секретаријатот на SEEHN!

ЗДРАВЈЕТО НЕ ЗНАЕ ГРАНИЦИ: Средба на министерот за здравство со директорката на Секретаријатот на SEEHN!

Министерот за здравство денеска оствари средба со д-р Татјана Падурару, директорка на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN), при што ги посети и канцелариите на Секретаријатот, кои се сместени во објектот на Министерството за здравство во Скопје.

На средбата беа отворени неколку клучни теми за регионалната здравствена соработка, меѓу кои:

  • Борба против аерозагадувањето: Заедничка иницијатива со Италија и Босна и Херцеговина насочена кон загадувањето на воздухот и неговото влијание врз здравјето на граѓаните.
  • Регионална набавка на вакцини: Разгледување на можностите за заеднички настап на земјите од регионот со цел обезбедување подобри услови и посигурно снабдување.
  • Подготовки за самитот во Романија: Организација на Министерскиот состанок на SEEHN, кој следната година ќе се одржи во Букурешт, како и финализирање на Букурешката повелба.

Од Министерството потсетуваат дека SEEHN обединува девет земји од регионот и неодамна одбележа 25 години постоење, а Македонија е горда домаќинка на Секретаријатот во Скопје.

– Загадениот воздух и заразните болести не застануваат на границите – затоа и одговорите треба да ги бараме заедно. За секој пациент, секој ден – порача министерот по средбата.