ПРВ.мк
Црна Хроника

БЕЗ ГРИЖА НА СОВЕСТ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ПРЕГАЗАТ ПОЛИЦАЈЦИ: Тројца приведени!

БЕЗ ГРИЖА НА СОВЕСТ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ПРЕГАЗАТ ПОЛИЦАЈЦИ: Тројца приведени!

Три лица биле лишени од слобода во гостиварското село Чегране по полициска акција во која биле пронајдени сомнителни супстанции, а двајца мажи, според информациите од МВР, се обиделе со автомобил да ги прегазат полициските службеници и им се заканувале по животот.

Инцидентот се случил на 12 ноември, во 20:35 часот, кога полицијата го привела 26-годишниот Х. С. од Чегране. При извршениот преглед на автомобилот „Мицубиши“ што го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По ова, со судска наредба бил извршен претрес и во неговиот дом, каде што исто така била пронајдена бела прашкаста материја.

Додека полициските службеници ги спроведувале службените дејствија пред домот на приведениот, на местото пристигнале уште две лица со автомобил „БМВ“. Станува збор за 24-годишниот В. Ч. и 35-годишниот А. Н., двајцата од Чегране.

Според соопштеното од Министерството за внатрешни работи, двајцата со возилото се обиделе да ги прегазат полициските службеници, а воедно им упатувале и закани по животот. По инцидентот, тие го напуштиле местото, но полицијата набргу ги пронашла и ги лишила од слобода.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.