ПРВ.мк
Македонија

Посебна посета во Општина Кавадарци: Меѓу учениците кои го посетија градоначалникот Јанчев беше и неговата ќерка Мила!

Посебна посета во Општина Кавадарци: Меѓу учениците кои го посетија градоначалникот Јанчев беше и неговата ќерка Мила!

Општина Кавадарци денес беше домаќин на учениците од ООУ „Димката Ангелов Габерот“ од Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, кои дојдоа да се запознаат со работата на локалната самоуправа.

Дечињата остварија средба со градоначалникот Митко Јанчев, кој срдечно ги пречека во својот кабинет и разговараше со нив. Оваа посета имаше и посебна емотивна нота за градоначалникот, бидејќи меѓу учениците беше и неговата ќерка Мила.

За време на дружењето, основците имаа можност одблиску да дознаат повеќе за улогата на градоначалникот, начинот на кој функционира Општината, како и за проектите и грижата за развојот на градот.

Од Општината истакнаа дека децата се нашата иднина, а нивната љубопитност, искреност и насмевки се најголемиот поттик да се продолжи со градењето подобро Кавадарци, упатувајќи благодарност до учениците и наставниците за убавата посета.