ПРВ.мк
Црна Хроника

СИЛНИОТ ВЕТЕР ПРЕДИЗВИКА НЕСРЕЌА: Стакло од излог падна врз две девојчиња, итно пренесени во болница!

СИЛНИОТ ВЕТЕР ПРЕДИЗВИКА НЕСРЕЌА: Стакло од излог падна врз две девојчиња, итно пренесени во болница!

Две девојчиња биле повредени во центарот на Битола, откако големо стакло од излогот на Одделението за водење матични книги се скршило и паднало на улицата.

Според информациите од очевидци, инцидентот се случил поради силниот ветер, кој предизвикал кршење и паѓање на стаклото од излогот на објектот.

Повредените девојчиња веднаш биле преземени од екипа на Брзата помош и пренесени во Клиничката болница во Битола, каде што им била укажана медицинска помош.

На местото на настанот пристигнале и полициски екипи, кои презеле активности за утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.

Засега нема дополнителни информации за тежината на повредите на двете девојчиња.

Најнови вести