ПРВ.мк
Магазин

СЕ ПОЈАВИ МИСТЕРИОЗЕН СТАРЕЦ КОЈ ТВРДИ ДЕКА ДОАЃА ОД 2040 ГОДИНА: Предвидува морничава иднина и три преломни настани – не се знае кој е полош!

СЕ ПОЈАВИ МИСТЕРИОЗЕН СТАРЕЦ КОЈ ТВРДИ ДЕКА ДОАЃА ОД 2040 ГОДИНА: Предвидува морничава иднина и три преломни настани – не се знае кој е полош!

Приказните за луѓе кои тврдат дека ја виделе иднината на интернет главно наидуваат на потсмев и брза дискредитација. Сепак, сведоштвото на мистериозниот маж кој се претставува како Елиот предизвика вистинска бура во јавноста откако испливаа детали од бизарната проверка на која бил подложен, како и неговите морничави предвидувања за тоа што го чека светот во наредните 14 години.

Пред да раскаже „што сè видел“ во иднината, Елиот имал едно барање – неговото вистинско име и адреса на живеење никогаш да не бидат јавно објавени. Тврди дека пристигнал од 2040 година за да го спречи глобалниот технолошки слом на човештвото.

Какви докази понудил Елиот? Кога го притиснале да понуди опиплив доказ, Елиот наводно изнел два податока. Имал прецизни координати од потонат брод на дното на Тихиот Океан за кој јавноста воопшто не знаела. Уште понеобично било тоа што го знаел комплетниот внатрешен распоред на просториите на футуристичка зграда во Дубаи, чија изградба била дури во зачеток.

Луѓето кои го слушале неговото сведоштво веднаш, како што пренесуваат странските медиуми, ги контактирале своите извори и ги споредиле неговите наводи со најновите сателитски снимки и тајните архитектонски нацрти, до кои пристап имале само неколкумина водечки инженери. Секој детаљ, до најмалата соба и кота, наводно бил точен.

Дури тогаш, во атмосфера на општ шок, Елиот проговорил за она што нè чека во наредните 14 години.

Часовникот отчукува: Збогум за телефоните, пристигнува „затвор на умот“ Елиот тврди дека светот каков што го познаваме ќе исчезне преку три преломни точки:

  • 2035 година – крај на паметните телефони: Уредите кои денес не ги испуштаме од раце заминуваат во историјата. Според неговите тврдења, ќе ги заменат микроневроимпланти кои проектираат дигитална слика директно на мрежницата на окото. Луѓето наводно повеќе нема да гледаат во екрани, туку ќе живеат внатре во нив. Тоа, како што вели, ќе создаде апсолутна зависност без можност за „исклучување“.
  • 2038 година – големо топење и потоп: Елиот тврди дека Северниот Леден Океан ќе остане без ниту едно парче мраз. Додека корпорациите ќе го слават отворањето на новите трговски рути, бреговите ширум планетата, според неговите зборови, ќе го платат цехот преку незапаметени поплави во градовите кои денес се сметаат за целосно безбедни.
  • Пристигнува епидемија без тело – „вирус на тишината“: Како најмрачна фаза Елиот ја опишува појавата на феномен кој не ги напаѓа органите, туку свеста. Според неговите тврдења, луѓето масовно ќе го губат контактот со реалноста и своеволно ќе се повлекуваат во вештачки светови.

– Вештачката интелигенција нема да мора да војува со нас. Сами ќе ѝ изградиме затвор и ќе ѝ ги предадеме клучевите – предупредува тој.

Науката во шах: Дали судбината е веќе запечатена? Иако официјалната наука ваквите приказни ги набљудува со голема резерва, одредени научни кругови, според наводите од оваа приказна, не останале рамнодушни. Еден астрофизичар од Кембриџ наводно неофицијално потврдил дека математичките обрасци и концепти што ги споменува Елиот целосно се поклопуваат со најновите теории за квантни премини кои се развиваат во затворени лаборатории.

Од друга страна, приказната отвора суштинско прашање: ако некој се вратил за да нè предупреди и да го промени текот на настаните, значи ли тоа дека иднината не е однапред одредена и дека црното сценарио од 2040 година сè уште можеме да го избегнеме?

Најнови вести