ПРВ.мк
Црна Хроника

ДВАЈЦА ВЕЛОСИПЕДИСТИ ТЕШКO ПОВРЕДЕНИ: Двајцата прегазени од автомобили!

ДВАЈЦА ВЕЛОСИПЕДИСТИ ТЕШКO ПОВРЕДЕНИ: Двајцата прегазени од автомобили!

Двајца велосипедисти се здобиле со тешки телесни повреди во две одделни сообраќајни несреќи што вчера се случиле во Скопје и Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.

Првата несреќа била пријавена околу 11:40 часот во СВР Скопје. Според информациите од полицијата, на улицата „Перо Наков“ дошло до судир меѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки и велосипед.

Автомобилот го управувал 58-годишниот И.А. од Скопје, додека велосипедот го возел 63-годишниот Д.Ј. од скопското село Трубарево.

Во судирот тешко бил повреден велосипедистот, а повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Втората сообраќајна несреќа се случила во Охрид, а во полицијата била пријавена во 11:20 часот. Инцидентот се случил на сервисна улица во поранешниот комплекс „Отекс“, каде што се судриле патничко возило „Пежо“ со струшки регистарски ознаки и велосипед.

Со автомобилот управувал 47-годишниот Ф.С. од Струга, додека велосипедот го возела 73-годишната Б.С. од Охрид.

Во оваа несреќа тешки телесни повреди добила велосипедистката, кои биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

За сообраќајната несреќа во Охрид увид извршила увидна екипа на СВР Охрид.

Најнови вести