ПРВ.мк
Македонија

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ИНТЕРВЕНТНАТА ПОЛИЦИЈА: Пуштен во употреба реконструиран објект во Ѓорче Петров, криминалитетот на најниско ниво во последните 20 години!

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ИНТЕРВЕНТНАТА ПОЛИЦИЈА: Пуштен во употреба реконструиран објект во Ѓорче Петров, криминалитетот на најниско ниво во последните 20 години!

Во Полицискиот центар во Ѓорче Петров денеска официјално беше пуштен во употреба целосно реконструираниот објект на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, кој подолг период беше надвор од функција поради оштетувања предизвикани од пожар.

Со инвестиција од околу 8 милиони денари, целосно се обновени 488 квадратни метри простор, со што на припадниците на оваа единица им се обезбедуваат значително подобри и посовремени услови за извршување на нивните секојдневни задачи.

За време на посетата, беше извршен и увид во текот на специјализираната обука на припадниците на униформираната полиција за справување со нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем. Дополнително, беа презентирани и карактеристиките на новата заштитна и специјализирана опрема за јавен ред и мир наменета за специјалните полициски единици, чија набавка е во тек.

Од ресорното министерство истакнуваат дека вложувањата во соодветни услови, квалитетна обука и современа опрема за полициските службеници претставуваат директна инвестиција во безбедноста на секој граѓанин.

Според официјалните податоци, Македонија денес бележи најниска стапка на криминалитет во последните 20 години, додека ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители достигнува високи 70,3 проценти. Овие резултати, како што беше нагласено, се силен мотив за продолжување на процесот на модернизација на полицијата и зајакнување на нејзините оперативни капацитети.

Најнови вести