ПРВ.мк
Црна Хроника

16-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ГИ ПРИЈАВИЛА РОДИТЕЛИТЕ: Тврди дека татко ѝ ја тепал, а мајка ѝ со години психички ја вознемирувала!

16-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ГИ ПРИЈАВИЛА РОДИТЕЛИТЕ: Тврди дека татко ѝ ја тепал, а мајка ѝ со години психички ја вознемирувала!

Шеснаесетгодишна девојка од Скопје ги пријавила сопствените родители во полиција, обвинувајќи ги за физичко и психичко малтретирање во семејниот дом.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 09:30 часот полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со А.Н. (53) и В.Н. (54), двајцата жители на Скопје.

Полицијата постапувала по претходна пријава поднесена од нивната 16-годишна малолетна ќерка. Девојката пријавила дека нејзиниот татко А.Н. физички ја нападнал, додека мајка ѝ, според нејзините наводи, подолг временски период психички ја вознемирувала.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Најнови вести