ПРВ.мк
Црна Хроника

ЈА ПРИНУДУВАЛ НА ПОЛОВИ ОДНОСИ И ЈА ТЕПАЛ: Бремена жена пријавила насилство од партнерот!

ЈА ПРИНУДУВАЛ НА ПОЛОВИ ОДНОСИ И ЈА ТЕПАЛ: Бремена жена пријавила насилство од партнерот!

Случај на семејно насилство во Кратовско бил пријавен во полицијата, откако 42-годишна жена од Босна и Херцеговина, која живеела во едно од кратовските села, пријавила дека била малтретирана од својот 46-годишен вонбрачен партнер со иницијали И.Д.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 5 ноември 2026 година, по добиената пријава во Секторот за внатрешни работи Куманово, бил извршен службен разговор со двајцата.

Жената тогаш изјавила дека го слушнала партнерот како разговара со други жени, по што побарала од него да ѝ даде пари за да може да го напушти заедничкото живеалиште. Мажот, според нејзината пријава, одбил да ѝ даде пари.

По разговорот, партнерот бил предупреден, додека жената била спроведена во Прифатниот центар за странци во Скопје, каде што требало да продолжи постапката.

Неколку дена подоцна, на 10 ноември, во Одделението за внатрешни работи Кратово пристигнала нова пријава од Националната мрежа против семејно насилство. Во неа било наведено дека за време на нивната вонбрачна заедница, И.Д. ја принудувал жената на полови дејствија и физички ја напаѓал.

По извршените лекарски прегледи било утврдено дека 42-годишната жена е бремена, а на одделни делови од телото имала хематоми.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со пријавеното насилство.

Најнови вести