ПРВ.мк
Црна Хроника

ИМ ГО ПРЕПРЕЧИЛЕ ПАТОТ СО ВОЗИЛА, ПА СЛЕДУВАЛ БРУТАЛЕН НАПАД: Двајца млади претепани среде ноќ!

ИМ ГО ПРЕПРЕЧИЛЕ ПАТОТ СО ВОЗИЛА, ПА СЛЕДУВАЛ БРУТАЛЕН НАПАД: Двајца млади претепани среде ноќ!

Двајца млади жители на Гостивар биле физички нападнати од група лица на локалниот пат што ги поврзува гостиварските села Чајле и Балиндол. Нападот се случил во раните утрински часови, а на инцидентот му претходело намерно попречување на патот со патнички возила.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 8 ноември, околу 3 часот по полноќ.

Во тој момент, повеќе лица со своите автомобили им го блокирале движењето на 23-годишниот Џ.Ј. и 25-годишниот А.З., по што ги запреле и физички ги нападнале.

Како последица на нападот, двајцата гостиварчани се здобиле со телесни повреди. Тие побарале лекарска помош, а повредите им биле констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.

Од МВР информираат дека полицијата презема соодветни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, како и за утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Најнови вести