ПРВ.мк
Црна Хроника

НАПАД ВРЗ МАЛОЛЕТНИК ВО УЧИЛИШЕН ДВОР: Сè било снимано со мобилен телефон, а видеото завршило на социјалните мрежи!

НАПАД ВРЗ МАЛОЛЕТНИК ВО УЧИЛИШЕН ДВОР: Сè било снимано со мобилен телефон, а видеото завршило на социјалните мрежи!

Малолетник бил физички нападнат во дворот на основното училиште во гостиварското село Долна Бањица, а целиот настан бил снимен со мобилен телефон. Снимката подоцна била објавена на социјалните мрежи.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот се случил на 11 ноември, околу 15:30 часот, во училишниот двор.

Случајот во полиција го пријавил таткото на малолетникот, 33-годишниот И.Б. од Долна Бањица. Тој во пријавата, поднесена околу 19 часот, навел дека неговиот син бил физички нападнат од едно лице, кое во тој момент било во друштво со уште неколку лица.

Од МВР информираат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат дополнителни информации.

Најнови вести