ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Тригодишно момче пронајдено на улица со тешки повреди, почина два часа подоцна во болница!

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Тригодишно момче пронајдено на улица со тешки повреди, почина два часа подоцна во болница!

Во четвртокот утринава, околу 7:10 часот, полицијата во Сплит примила дојава дека во центарот на градот е пронајдено тешко повредено дете, пишува „Слободна Далмација“.

На местото на настанот веднаш биле упатени брза помош и надлежните служби. Екипата на Итната медицинска помош му пружила прва помош на детето на терен, по што тоа било итно пренесено во болница на понатамошно згрижување.

И покрај максималните напори на лекарите и укажаната лекарска помош, момчето за жал им подлегнало на повредите два часа подоцна, потврдила Кристина Битанга, портпаролка на Клиничкиот болчки центар Сплит.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а во тек е и подетална криминалистичка истрага со цел целосно да се утврдат сите околности под кои се случила оваа трагедија.

Според првичните неофицијални информации до кои дојде „Дневник.хр“, станува збор за тригодишно момче кое здобило тешки повреди на главата при пад од балкон на трет кат, а повреденото дете прв го забележал и го пријавил рабник на градското претпријатие „Чистоќа“.

Повеќе официјални детали за овој трагичен настани се очекуваат по завршувањето на полициската истрага.

Најнови вести