Со цел унапредување на патната инфраструктура и обезбедување побезбедни услови за движење, успешно беше спроведена акција за чистење и уредување на локалниот пат кој води кон кавадаречкото село Бојанчиште.
Активноста во општина Кавадарци се реализираше благодарение на поддршката од општествено одговорната компанија „ЈА-МИ“, која бесплатно ја отстапи потребната градежна механизација и даде директен и значаен придонес во изведувањето на теренските работи.
Со расчистувањето на патната траса значително се олеснува пристапот до ова подрачје и се зголемува безбедноста во сообраќајот. Оваа иницијатива претставува позитивен пример за тоа како преку заедничка соработка и поддршка од приватниот сектор може да се постигнат конкретни и видливи резултати во интерес на жителите на Кавадарци и локалната заедница.






