ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ АКТЕР: По долга борба со тешка болест!

(ФОТО) ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ АКТЕР: По долга борба со тешка болест!

Актерот Рендал Ингланд, познат по своето појавување во популарната телевизиска серија „Општа болница“, почина на 75-годишна возраст по борба со рак на хранопроводот. Веста за неговата смрт беше објавена преку некролог што семејството го објави во средата, на 11 ноември.

Во емотивната посвета, неговите најблиски открија дека, и покрај бројните улоги и професионалните достигнувања, најголемо значење за него имале семејството и времето поминато со најблиските.

„Од сите негови улоги, најмногу му значеа онаа на татко и на ‘Папо’ за неговите внуци“, напишало семејството во некрологот.

Пред да го пронајде своето место во актерскиот свет и да започне кариера во Холивуд, Ингланд имал сосема поинаков животен пат. Тој бил успешен спортист, кој се занимавал со бејзбол и американски фудбал.

Но, едно патување во Њујорк целосно му ја променило животната насока.

„Едно судбоносно патување во Њујорк му го смени животниот правец“, се наведува во семејната објава.

Токму таму започнала неговата приказна во светот на моделството. Работата го одвела на различни дестинации низ светот, меѓу кои Лондон, Цирих и Милано. Во текот на годините учествувал и во бројни рекламни кампањи за познати брендови и производи, како цигарите „Вајсрој“, гумите „Данлоп“, пивото „Микелоб“ и конзолата „Плејстејшн“.

По успешната аудиција, Ингланд добил актерска можност во Лос Анџелес, градот во кој подоцна го изградил својот живот и кариера. Се населил во Беверли Хилс, каде што живеел цели 40 години.

На приватен план, во 1987 година се оженил со Џенифер Ли Херерас. Две години подоцна, во 1989 година, во семејството ја добиле ќерката Микаела Реј.

Во текот на актерската кариера, Рендал Ингланд остварил повеќе филмски и телевизиски улоги. Публиката можеше да го гледа во филмовите „Беверли Хилс Чивава“, „Хелборн“, „Облакодер“, „Машина за соништа“ и „Шајнер“.

Покрај улогата во серијата „Општа болница“, се појавил и во телевизиските остварувања „Млади и немирни“ и „Чувари на плажата“.

Неговото лице на дел од публиката ѝ е познато и од музичката сцена, бидејќи имал кратко појавување во видеоспотот за песната „Sugar“ на американската група „Марун 5“.

Иако зад себе остави кариера со бројни улоги и различни професионални ангажмани, семејството во последната посвета потсети дека најважните улоги во неговиот живот биле оние што ги имал дома – како сопруг, татко и дедо.

Најнови вести