Екипите на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци континуирано работат на санација и враќање во првобитна состојба на сите прокопи на територијата на општината, кои настанале при интервенции на подземната инфраструктура.
Моментално, градежните активности се насочени кон асфалтирање на прокопите направени при отстранување на дефекти на водоводната и канализационата мрежа на улиците „Питу Гули“ и „Љубашка“.
Со овие теренски активности се овозможува непречено и побезбедно одвивање на сообраќајот, а од претпријатието посочуваат дека санацијата на сите вакви зафати низ градот продолжува со редовна динамика.




