ПРВ.мк
Свет

ПЕКОЛ НА ПОГУБУВАЊЕТО ВО ТЕНЕСИ: Сведоци открија нови, језиви детали - се слушаа пригушени крици!

ПЕКОЛ НА ПОГУБУВАЊЕТО ВО ТЕНЕСИ: Сведоци открија нови, језиви детали - се слушаа пригушени крици!

Педесетгодишната Криста Пајк, осудена на смрт поради свирепо убиство на училишна другарка, преживеа вистински пекол за време на неуспешното погубување во затворот во Тенеси. Откако ѝ беа инјектирани дури две дози смртоносни лекови, нејзиното тело се искриви пред запрепастените сведоци и новинари, додека таа продолжи да дише и со часови остана да лебди меѓу животот и смртта.

Рацете и нозете на Криста Пајк полетаа вовисот

Во еден језив момент, рацете и нозете на осуденичката Пајк нагло полетаа вовисот додека нејзиното тело на масата за погубување се изви во форма на буквата „В“, се наведува во сведочењата што ги пренесе „Њујорк тајмс“.

Исто така се слушаше како испушта вознемирувачки звуци кои сведоците ги опишаа како хркање или задушување, откако првата доза од средствата за извршување на смртната казна очигледно не успеа да ја умртви.

Пајк и понатаму е без свест и приклучена на респиратор во болницата во Нешвил, по језивите сцени од средата.

Процесот на извршување на смртната казна во установата со максимална безбедност „Ривербенд“ го следеа проблеми уште пред самата примена на препаратите.

Пајк беше врзана за носилки откако Врховниот суд на САД ја укина одлуката за одложување на погубувањето во последен момент, нешто по 17:45 часот.

Меѓутоа, нејзиниот адвокат Ренди Спајви тврдеше дека процесот на поставување катетер во нејзините раце — кој според државниот протокол треба да трае околу 10 минути — всушност потраел цел час.

– Избројав најмалку седум игли употребени само на нејзината лева рака, а се чинеше дека една од нив беше свиткана кога беше извлечена по неуспешниот обид – рече тој.

Криста Пајк има нарушување во крвта и ситни вени

Нејзиниот правен тим претходно предупреди дека Пајк има ситни вени и нарушување на крвта, за што се плашеа дека би можело да предизвика проблеми за време на извршувањето на смртната казна.

Спајви рече дека самата Пајк очајнички се обидувала да го насочи тимот задолжен за интравенската процедура додека тие се мачеле да пронајдат соодветна вена.

– Одново и одново говореше: „Ве молам, обидете се повисоко“, на моето рамо, ве молам, обидете се овде, обидете се овде – рече тој. Присутните, вклучувајќи ја и мајката на осуденичката и седум новинари, во почетокот не можеа да видат што се случува бидејќи завесата што ги делеше од просторијата за извршување на казната остана спуштена.

Сепак, наводно слушале пригушени звуци, вклучувајќи стенкање, цвилење, шушкање на хартија и звук на закопчување на велкро-трака.

– Ако го замислите звукот на отворање фластер, токму тоа го слушав во повеќе наврати – рече Вил Пакет, телевизиски репортер од Ноксвил.

Завесата се крена во 19:30 часот

Завесата конечно се крена околу 19:30 часот, а на Пајк ѝ беше дозволено да ја даде својата последна изјава.

– Подготвена сум да бидам слободна – рече таа.

„Ова е среќен ден.“ Меѓутоа, неколку минути подоцна, на присутните им стана јасно дека нешто не е во ред.

– Чувствувам како вената на раката да ми пука – рече Пајк, иако, според наводите, се смешкала и се смеела. Пакет потоа видел солза како ѝ се лизга од десното око, пред таа да каже: „Едно место многу силно пулсира.“ Во 19:41 часот, рака во виолетова латекс ракавица наводно поставила мал камен на полицата, што по сè изгледа било знак дека пентобарбиталот е инјектиран.

Пајк зиналa во зевање пред завесата повторно да биде спуштена, а нејзиниот будистички духовен советник изведен од просторијата. Сепак, присутните и понатаму можеле да слушаат како Пајк дише.

Завесата подоцна повторно се кренала и нејзиниот духовен советник се вратил, додека осудената убика продолжила да испушта звуци кои личеле на хркање или задушување.

Наводно испуштила звук на напрегање пред нејзиното тело одеднаш да се подигне во вознемирувачка положба во форма на буквата „В“.

По сè изгледа била инјектирана втора доза лекови, а завесата повторно се кренала во 20:01 часот.

Пет минути подоцна, завесата повторно била спуштена.

Меѓутоа, Пајк наводно сè уште била жива.

Завесата потоа останала спуштена додека сведоците станувале сè позагрижени поради она што се случувало зад неа.

Затворскиот персонал делувал несигурно поради сложената ситуација

Стивен Хејл, новинар на весникот „The Nashville Banner“, рече дека дури и затворскиот персонал делувал несигурно во врска со целата ситуација.

– Искрено кажано, беа во иста ситуација како и ние – рече тој.

„Се чинеше дека не знаат ништо повеќе од нас.“

Хејл подоцна го опиша тој настан како „екстремен пример за она што секое погубување всушност претставува: судир на мрачната реалност на она што се прави и тој вид ’анестетичко’ планирање.“

Адвокатите на Пајк потоа забрзано се обидувале да обезбедат медицинска помош, поднесувајќи две итни барања откако изјавиле дека канцеларијата на гувернерот не одговарала, а на бројот за итни случаи на Врховниот суд на Тенеси се јавувала говорна пошта.

На крајот дознале дека била повикана брза помош.

На сведоците им било наредено да го напуштат затворот нешто пред 21 часот.

– Кога ни рекоа да си одиме во 20:53, Криста Пајк сè уште дишеше – изјави Кетрин Свини, новинарка на локалното јавно радио.

Тогаш било видено како возило на брзата помош со вклучени ротациони светла пристигнува во затворот.

Според пишувањето на весникот „Њујорк тајмс“, Одделот за извршување кривични санкции на Тенеси соопшти дека го испочитувал протоколот за извршување смртна казна со смртоносна инјекција.

Меѓутоа, се наведува дека тој протокол не прецизира што треба да направат надлежните доколку два обида за погубување на осуденикот бидат неуспешни.

Извршувањето на смртната казна окарактеризирано како катастрофално

Ова катастрофално извршување на смртната казна повторно го поттикна преиспитувањето на системот на смртна казна во Тенеси и доведе до воведување нов мораториум на погубувањата во таа сојузна држава.

Пајк имала само 18 години кога во 1995 година, заедно со тогашниот дечко и уште еден пријател, ја мачела и убила 19-годишната Слемер.

Обвинителите наведоа дека во тоа свирепо убиство жртвата била претепана и расечена, по што Пајк ѝ го разбила черепот со парче асфалт.

Пајк беше осудена за убиство од прв степен и заговор за извршување убиство, па ѝ беше изречена смртна казна.

Криста Пајк свесна во болничкиот кревет под тешки синџири

– Наспроти сите очекувања, Криста Пајк е свесна, зборува и продолжува да прима неопходна интензивна медицинска нега – наведоа нејзините адвокати во изјавата, речиси една недела откако државата Тенеси не успеа да ја изврши нејзината смртна казна.

– И покрај тешките повреди што ги здоби на рацете, таа и понатаму е врзана со лисици и синџири за болничкиот кревет. Нејзиното закрепнување претставува медицински преседан. Прогнозата за нејзината здравствена состојба и понатаму е неизвесна, но очекуваме дека закрепнувањето, во најмала рака, ќе биде долготрајно – додаваат тие.

Криста Пајк призна дека не чувствувала каење за убиството

Подоцна признала дека во почетокот не чувствувала каење за убиството, но тврдеше дека со децениите поминати зад решетки почнала да жали за своите постапки.

Ноќта пред закажаното погубување, Пајк, како што се наведува, одбила да нарача последен оброк.

Наместо тоа, побарала 20 долари, колку што според правилата на затворот во Тенеси е дозволено, да бидат потрошени за пица за бездомниците во центарот на Нешвил.

Бруталното убиство на тинејџерката

Да потсетиме, Пајк во 1996 година беше осудена на смрт поради бруталното убиство на 19-годишната Колин Слемер. Смртоносниот напад го извршила заедно со тогашниот дечко Тадариус Шип, за кого Пајк тврдеше дека Слемер се обидувала да ѝ го преземе.

Телото на Колин, со врежани сатански пентаграми и тешко претепано, првично дури било заменето за леш од животно. Пајк никогаш не негираше дека ја убила Слемер, но рече дека била „ментално болна 18-годишна калакурда“. Од пресудата во 1996 година била во затворскиот комплекс Дебра К. Џонсон во Нешвил, на одделот за осудени на смрт.