Затворениот базен во Кавадарци чекор по чекор се приближува до денот кога ги отвори вратите за граѓаните. Објектот постепено ги добива сите потребни технички и инфраструктурни системи за да биде целосно функционален и подготвен за користење во текот на сите четири сезони.
Веќе се поставени новите топлотни пумпи, а во тек е комплетното опремување со современа опрема. Се монтираат системите за затоплување и одржување на оптимална температура на водата и воздухот, како и останатата неопходна техничка логистика што ја бара еден модерен спортски објект.
Со ова, Кавадарци добива современ простор наменет за спорт, рекреација и редовно пливање за сите генерации, независно од временските услови надвор.




