На судењето во Основниот суд во Куманово, јавниот обвинител Љубомир Лапе побара доживотна казна затвор за 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, кој е обвинет за четири убиства и два обида за убиство.
Во завршниот збор, обвинителот Лапе навел дека кривичните дела, според обвинението, биле извршени со цел задоволување на сексуални нагони поврзани со починати лица, односно некрофилија.
Обвинителството оценило и дека кај обвинетиот биле забележани отсуство на емпатија, чувство на вина и страв. Според нивните наоди, при извршувањето на делата тој бил пресметлив и покажувал обиди за манипулација.
Од обвинителството сметаат дека кај Бојковски не постои реална можност за ресоцијализација, како и дека постои висок степен на опасност од повторување на кривичните дела.
Конечната одлука за случајот допрва треба да биде донесена. Пресудата се очекува на следното рочиште во Основниот суд во Куманово.






