ПРВ.мк
Црна Хроника

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 35-ГОДИШНИК: Тепал 11-годишно дете!

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 35-ГОДИШНИК: Тепал 11-годишно дете!

СВР Тетово поднело кривична пријава против Д.Ј. (35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 28 август 2026 година во Тетово, пријавениот физички нападнал 11-годишно дете од градот.

Случајот бил пријавен во полицијата, по што биле преземени мерки во рамки на истрагата и против 35-годишникот била поднесена кривична пријава.