Осумнаесетгодишна девојка од Белгија исчезнала во битолското село Лавци, каде што престојувала, а случајот е пријавен во полицијата, која презема мерки за нејзино пронаоѓање.
Според информациите, на 6 октомври околу 22 часот, нејзината 81-годишна баба А.П., исто така државјанка на Белгија која има привремен престој во Лавци, пријавила дека девојката го напуштила домот во селото и не се вратила до моментот на пријавувањето.
Случајот бил пријавен во СВР Битола, по што полициските службеници преземаат соодветни мерки и активности за пронаоѓање на 18-годишната девојка.
Засега нема дополнителни информации за околностите под кои таа го напуштила домот, ниту за тоа каде би можела да се наоѓа.






