ПРВ.мк
Балкан

МВР СО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Гори магацин со опасни материи!

МВР СО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Гори магацин со опасни материи!

Голем пожар избувнал претпладнево во магацин за складирање опасни материи во белградската општина Барајево, поради што српското Министерство за внатрешни работи упатило итен апел до локалното население.

Секторот за вонредни состојби при МВР на Србија ги повикал граѓаните од околината да останат во своите домови и да ги затворат прозорците, со цел да се намали ризикот од изложеност на чадот.

Пожарот избувнал во објект на улицата „Живка Стевановиќ Жикица“ број 72, на територијата на градската општина Барајево. Според официјалниот систем за предупредување на српското МВР, огнот бил пријавен во 10:50 часот.

Во магацинот се складирале материи со висок степен на ризик. Поради материјалите што горат, над подрачјето се создал густ чад, поради што биле активирани мерките за заштита на населението.

Пожарникарските екипи биле упатени на терен и работеле на локализирање на огнот.

Секторот за вонредни состојби апелирал до жителите во непосредната близина да избегнуваат престој на отворено додека трае интервенцијата. На граѓаните им било посочено домовите да ги држат затворени и да ги следат понатамошните безбедносни упатства преку официјалните владини канали за информирање при вонредни состојби.

Засега нема информации за евентуално повредени лица, а не се познати ниту точните причини поради кои дошло до избувнување на пожарот. Надлежните служби продолжуваат со интервенцијата и утврдувањето на сите околности поврзани со инцидентот.