ПРВ.мк
Свет

ПАНИКА ВО ЕУ: Членките тивко се подготвуваат за кошмар - „Би можело да има и мртви“

ПАНИКА ВО ЕУ: Членките тивко се подготвуваат за кошмар - „Би можело да има и мртви“

Престолнините на Европската Унија (ЕУ) подготвуваат одговор на можен голем хибриден напад во кој би можело да има и загинати граѓани, а разговорите за тој сценарио се интензивирани меѓу амбасадорите на сите 27 членки, објави денеска бриселски „Политико“, повикувајќи се на дипломати и официјални лица од ЕУ.

Разговорите, како што се наведува, се интензивирале по откривањето на дрон со експлозив на аеродромот во Лајпциг во август.

ЕУ веќе со години развива „хибриден сет на алатки“ за одговор на сајбер-напади, мешање во избори и саботажи, но сега вниманието се насочува кон посериозни напади со поголем број жртви, додава „Политико“.

Дипломатите и официјалните лица разговараат за распоредување тимови за вонредни ситуации, користење на средства од ЕУ за помош на погодената држава и начинот на комуникација меѓу лидерите на институциите на ЕУ.

ЕУ тврди дека Русија од почетокот на војната со Украина ги интензивирала сајбер-нападите, саботажите и другите тајни операции.

Меѓу поновите инциденти се наведуваат нападот со дронови врз брод во Црното Море, сомнителниот пожар во полска копнена станица поврзана со Старлинк, обидите за поставување запаливи направи во транспортните центри и повредите на воздушниот простор.

Истовремено, меѓу членките постојат несогласувања околу тоа дали ЕУ треба да развива нови безбедносни механизми или со тоа би можела да ја дуплира улогата на НАТО.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи „протокол за вонредна безбедност“ и „Европски совет за безбедност“, додека одделни држави сметаат дека веќе постојните механизми, како што е Интегрираниот политички одговор на ЕУ за кризи (IPCR), можат да бидат доволни.

Поранешната портпаролка на НАТО, Оана Лунгеску, оцени дека ЕУ и НАТО треба да ги подели одговорностите, така што НАТО би се занимавал со разузнавачки податоци и воено одвраќање, а ЕУ со цивилниот одговор.

Еден дипломат на ЕУ предупреди дека во случај на напад со жртви, притисокот врз двете организации да реагираат би бил многу висок.

Лунгеску, меѓутоа, наведе дека на рускиот претседател Владимир Путин не му е важно дали одлуките ги донесува ЕУ или НАТО, туку како Западот одговара на неговите потези.