ПРВ.мк
Македонија

Клековски на конференцијата на УМС на која беа најавени три нови мерки за младите

Клековски на конференцијата на УМС на која беа најавени три нови мерки за младите

Министерот за здравство Сашо Клековски присуствуваше на 35. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа во салата „Расадник“ во Кисела Вода под мотото „Нашата генерација – нашата Македонија“.

На конференцијата се обратија претседателот на УМС, Тодор Конески, како и премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски најави три мерки насочени кон младите, пред сè во областа на домувањето и студентските поволности.

Првата предвидува при издавање дозволи за нови станбени објекти да се издвојат минимум 10 проценти од станбената површина за брачни парови до 35 години, по цена најмалку 20 проценти пониска од пазарната. За оваа мерка беше најавено и законско решение.

Втората најавена мерка е ослободување од комуналии за млади брачни парови до 35 години кои ќе одлучат да изградат сопствена куќа.

Третата мерка се однесува на студентска картичка преку системот „М-услуги“, со која, според најавата, студентите би добивале услуги по најмалку 20 проценти пониски цени.

Клековски по конференцијата упати благодарност за поканата и гостопримството.