Започнуваат подготовките за претстојната сезона на грип. И покрај глобалното доцнење во производството предизвикано од промената на сите три соја на вакцината, вакцинацијата во нашата земја ќе започне во втората половина на октомври, исто како и во изминатите години.
Од вкупно планираните 80.000 дози, 56.000 веќе се обезбедени или се наоѓаат во постапка на набавка, додека надлежните интензивно работат на обезбедување и на преостанатите количини.
Бесплатните вакцини се наменети за граѓаните кои припаѓаат на приоритетните и ризичните категории:
- Лица над 65 години,
- Хронично болни лица,
- Бремени жени и
- Здравствени работници.
Здравствените власти апелираат дека навремената превенција е од клучно значење за подобра заштита на здравјето на граѓаните и за спречување компликации од сезонскиот грип.






