ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВ НАПАД: Ученик избоде повеќе соученици и наставник!

КРВАВ НАПАД: Ученик избоде повеќе соученици и наставник!

Најмалку седум лица биле повредени во напад со нож што утрово се случил во комплекс на стручно училиште во полскиот град Остроленка, пренесуваат полските медиуми.

Според првичните информации од истрагата, осомничен за нападот е 19-годишен ученик. Тој со нож нападнал повеќе ученици и еден наставник.

Од седумте повредени лица, две се во тешка состојба, според досегашните информации.

По нападот, 19-годишникот го напуштил училишниот комплекс и побегнал. Полицијата започнала потрага, по што успеала да го лоцира и уапси во близина на градската плажа на реката Нарев.

Истрагата за нападот продолжува, а надлежните органи треба да ги утврдат сите околности и причините што довеле до инцидентот.