На 6 октомври 2026 година во 15:10 часот, полициски службеници од СВР Велес извршиле службен разговор со 71-годишната Е.Д. од Велес.
Полицијата постапувала по претходна пријава според која жената не го почитувала решението на Основниот суд Велес со кое ѝ било забрането да му се приближува, да му се заканува и да го малтретира својот 66-годишен девер. Според пријавата, таа му упатувала и навреди.
Во меѓувреме, 71-годишната жена пријавила дека во дворот од домот била физички нападната од страна на нејзиниот девер Н.Д.
Од СВР Велес информираат дека по целосното расчистување и документирање на двата настани ќе бидат поднесени соодветни пријави.






