ПРВ.мк
Македонија

ЗА САМО ПЕТ ЧАСА ОТКРИЕНИ 92 НЕПРАВИЛНОСТИ: Контролирани над 400 автобуси и возила за јавен превоз!

ЗА САМО ПЕТ ЧАСА ОТКРИЕНИ 92 НЕПРАВИЛНОСТИ: Контролирани над 400 автобуси и возила за јавен превоз!

На 6 октомври 2026 година, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спровел засилена акциска контрола на територијата на целата држава.

Контролите биле насочени кон автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што биле проверени вкупно 405 возила.

Од нив, кај 92 возила биле констатирани неправилности.

Во рамки на акцијата, 170 возила биле упатени на технички преглед, додека 34 возила биле исклучени од сообраќај поради утврдени неисправности.

За сите констатирани прекршоци биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Покрај прекршочните мерки, во текот на контролите биле поднесени и три кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека едно возило било одземено согласно член 300-б.

Дополнително, полициските службеници констатирале уште 239 прекршоци од друг вид.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека продолжуваат со засилените сообраќајни контроли, со цел да се зголеми безбедноста и сигурноста при превозот на патници во јавниот сообраќај.