Малолетник бил физички нападнат во селото Врањовце, гостиварско, а случајот бил пријавен во полицијата.
Според пријавата, на 6 октомври во 23:45 часот, 40-годишниот М.М. од селото Дебреше пријавил дека неговиот малолетен син околу 21:30 часот бил нападнат од неколку малолетници.
При нападот, според пријавеното, биле употребени метални и други тврди предмети.
Од ОВР Гостивар информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои биле инволвирани во настанот, како и за целосно расчистување и документирање на случајот.





