ПРВ.мк
Црна Хроника

БРУТАЛНО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: 17-годишна девојка била малтретирана од невенчаниот сопруг и неговото семејство!

БРУТАЛНО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: 17-годишна девојка била малтретирана од невенчаниот сопруг и неговото семејство!

17-годишна девојка од гостиварскиот регион пријавила дека во изминатиот период била изложена на закани, како и на физичко и психичко малтретирање од страна на нејзиниот невенчан сопруг и членови на неговото семејство.

Случајот бил пријавен на 6 октомври во Полициското одделение Ростуше. Девојката при пријавувањето била придружувана од свој родител.

Според пријавата, во наводното малтретирање и упатувањето закани биле вклучени нејзиниот невенчан сопруг И.У. (23), неговата мајка Д.У. (53) и неговата 15-годишна сестра, сите од село во гостиварскиот регион.

По пријавувањето, истиот ден полициски службеници од Полициското одделение Ростуше ги лишиле од слобода И.У., Д.У. и малолетничката.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.