ПРВ.мк
Македонија

ЗАКАНУВАЧКО ПИСМО ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ДЕКАНОТ: Поранешен студент со вознемирувачки закани!

ЗАКАНУВАЧКО ПИСМО ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ДЕКАНОТ: Поранешен студент со вознемирувачки закани!

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на поранешен студент, откако било пријавено дека оставил писмо со заканувачка содржина во просториите на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово.

Случајот бил пријавен на 6 октомври во 16:15 часот во СВР Тетово од страна на деканот С.А. (55) и секретарот А.А. (33) на факултетот.

Според пријавеното, околу 11:40 часот во канцеларијата на деканот пристигнал поранешниот студент И.А. од селото Голема Речица, тетовско. Тој оставил писмо со заканувачка содржина, кое било упатено до професори на факултетот, по што го напуштил објектот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, како и за целосно расчистување и документирање на случајот.