ПРВ.мк
Свет

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ЈА ЗАПАЛИЈА ФРАНЦИЈА: Вечерва обраќање на премиерот - Макрон има барање!

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ЈА ЗАПАЛИЈА ФРАНЦИЈА: Вечерва обраќање на премиерот - Макрон има барање!

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, побара од францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез и францускиот министер за образование Едуар Жефре полицијата за време на интервенциите на протестите на средношколците да покаже повеќе „емпатија“ и „педагогија“, односно на граѓаните појасно да им го објасни постапувањето на полицијата за време на интервенциите.

Макрон на синоќешниот состанок ја истакна потребата да се одржува јавниот ред и да се интервенира во случаи на сериозно насилство, но со примена на сила која е сразмерна на ситуацијата, изјави Нуњез за РТЛ.

Нуњез рече дека претседателот на Франција побарал и полициската доктрина подобро да се образложи и документира, како и на граѓаните да им се дадат повеќе објаснувања за начинот на постапување на полицијата.

„Побарав повеќе да не се користи солзавец“

Нуњез, истовремено, соопшти дека побарал гранатите со солзавец повеќе да не се користат за време на протестите на средношколците, откако во досегашните демонстрации имаше повеќе повредени, пренесува БФМ.

– Уште вчера побарав солзавецот повеќе да не се користи за време на протестите на средношколците – рече тој.

Вечерва обраќање на премиерот

Францускиот премиер Себастијан Лекорни вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата од седиштето на владата, соопштено е денеска од Матињон.

Како што е најавено, тој ќе зборува за:

  • ситуацијата во средните училишта и протестите на учениците,
  • растот на цените на горивата,
  • земјоделската криза и
  • финансиската ситуација во земјата.

Опфатена наставата во 528 училишта

Министерството за образование соопшти дека денеска наставата ќе биде целосно или делумно прекината во 528 училишта, што е за 41% помалку во споредба со претходниот ден.

Истовремено, 86% од образовните установи денеска се целосно отворени.

Протестите на француските средношколци започнаа на крајот на септември во Кретеј, во предградието на Париз, а потоа се проширија низ целата земја, со барања за подобрување на условите во училиштата, поголеми инвестиции во образованието и решавање на проблемот со недостатокот на наставници.

Според податоците на француската влада, од почетокот на протестите повредени се 215 ученици, 85 вработени во образованието и 715 припадници на безбедносните сили.

Најтешко повредени се 15-годишен ученик на кого на 5 октомври во Ленс граната со солзавец му откинала дланка, како и 14-годишник кој на 28 септември во Сен-Уан-Ломон бил погоден со таква граната во лицето и здобил тешки повреди на вилицата и забите.