62-годишен жител на селото Железна Река починал на шумски пат во атарот на селото Горна Ѓоновица, гостиварско.
Случајот бил пријавен на 6 октомври во 18:00 часот во ОВР Гостивар. Според информациите дадени од лицето кое во тој момент се движело заедно со А.М., на 62-годишниот маж ненадејно му се слошило, по што паднал на шумскиот пат.
На местото веднаш била упатена екипа на Итната медицинска помош. Лекарот констатирал смрт кај 62-годишникот, при што не биле забележани траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините и околностите за смртта.





