ПРВ.мк
Свет

НАЈНОВА ВЕСТ: Авионот се урна при слетување има пријавени жртви, се спомнува и славен возач

НАЈНОВА ВЕСТ: Авионот се урна при слетување има пријавени жртви, се спомнува и славен возач
Kristal

Повеќе лица загинале во авионска несреќа што се случила при слетување на регионалниот аеродром Стејтсвил во американската сојузна држава Северна Каролина, соопштија официјални извори.

Според информациите од воздухопловните власти, деловен авион од типот „Цесна Ц550“ се урнал околу 10:20 часот по локално време. Во авионот се наоѓале шест лица. Шерифот на округот Иредел, Дарен Кембел, за „Асошиејтед прес“ потврди дека има жртви, но не прецизираше точен број.

Британскиот „Дејли мејл“, повикувајќи се на изјава од близок пријател, објави дека меѓу загинатите наводно се и поранешниот возач на НАСКАР, Грег Бифл, неговата сопруга и двете деца. Оваа информација засега не е официјално потврдена од надлежните американски институции.

Податоците за регистрацијата на авионот, според локалната телевизија WBTV (CBS), укажуваат дека леталото е во сопственост на приватна компанија поврзана со Бифл. Директорот на аеродромот Стејтсвил, Џон Фергусон, изјави дека авионот бил веќе зафатен од пламен кога спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата.

Авионот полетал околу 10:06 часот и бил кратко време во воздух пред да се урне на источниот крај од пистата. Причините за несреќата засега не се познати.

Аеродромот Стејтсвил е затворен до понатамошно известување, додека трае расчистувањето и истрагата. Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB) соопшти дека формира специјален истражен тим, кој се очекува да пристигне на местото на настанот во текот на вечерта.

FixCredit
Escape