Во СВР Скопје е пријавен случај на семејно насилство, во кој осомничена е мајка за физички напад врз сопственото малолетно дете.
Според пријавата, на 18.12.2025 година во 04:30 часот, 44-годишен маж од скопско пријавил дека претходната вечер, околу 23:30 часот, во семејниот дом, неговата 42-годишна сопруга физички го нападнала нивниот малолетен син, кој има здравствени проблеми.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, како и за утврдување на сите околности поврзани со настанот.
















