ПРВ.мк
Црна Хроника

Секунди до трагедија: Автомобил со деца пропаднал низ лифт

Секунди до трагедија: Автомобил со деца пропаднал низ лифт
Kristal

Поранешниот црногорски кошаркар Милко Бјелица (41) доживеа сериозна и исклучително опасна несреќа во Белград, кога неговиот автомобил пропаднал низ товарен лифт во подземна гаража. Во возилото во моментот на инцидентот се наоѓале неговата сопруга и двете деца.

Според српските медиуми, лифтот станал нестабилен и возилото пропаднало, при што семејството останало заглавено во целосно оштетениот автомобил. Очевидци велат дека ситуацијата била критична, а децата биле видно исплашени.

„Лифтот беше нестабилен и постоеше сериозен ризик. Децата беа во паника, но пожарникарите реагираа крајно професионално“, изјавил еден од сведоците.

На терен интервенирале 14 пожарникари со четири противпожарни возила. По сложена спасувачка акција, семејството било безбедно извлечено од лифтот. За среќа, никој не се здобил со потешки повреди.

Милко Бјелица е добро познато име на регионалната и европската кошаркарска сцена. Во кариера долга повеќе од две децении настапувал за бројни клубови, меѓу кои Црвена звезда, Басконија, Анадолу Ефес, Сарагоса и други европски екипи.

FixCredit
Escape