Во Скопје доцна синоќа е пријавен трагичен настан, за кој првично информираше телевизијата Алсат. Според неофицијални информации, станува збор за смрт на младо лице, за кое се сомнева дека било на возраст од 17 до 18 години.
Настанот, според истите извори, се случил на подрачјето на Парк-шумата Гази Баба. Засега нема официјална потврда за околностите под кои настанала смртта.
Од Министерството за внатрешни работи се очекува во текот на денот да излезат со официјални информации и повеќе детали за случајот, по завршување на потребните проверки.
















