ПРВ.мк
Македонија

„Падна мрежа за милиони: 33 осомничени, 11 уапсени за огромна корупциска шема во државна фирма“

„Падна мрежа за милиони: 33 осомничени, 11 уапсени за огромна корупциска шема во државна фирма“
Kristal

Во координирана полициска акција спроведена во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември, под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, уапсени се 11 лица осомничени за тешки кривични дела од економско-финансиска природа.

Акцијата се одвиваше на повеќе локации низ државата, меѓу кои Скопје и околината, Куманово, Велес, Неготино, Кочани, Пробиштип, Пехчево и Штип. Истовремено се трага по уште две лица.

Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена кривична пријава против 33 физички лица и две правни лица од Скопје и Куманово, поради сомнение за злосторничко здружување, злоупотреби во јавни набавки, злоупотреба на службена положба и перење пари.

Според истрагата, осомничените во текот на 2023 година формирале организирана група со цел местење на јавна набавка за „СКАД ормари за мониторинг со ГСМ контролор“ за потребите на ЕСМ Дистрибуција на топлина. Со однапред договорена техничка спецификација и фиктивна конкуренција, овозможиле договорот да го добие однапред одбрана фирма.

Со тоа, на штета на ЕСМ Дистрибуција е нанесена штета од над 7,6 милиони евра, а подоцна, преку низа финансиски трансакции, биле испрани повеќе од 2 милиони евра, наведуваат од МВР.

За седум лица е определен притвор, додека за останатите се изречени мерки за обезбедување присуство. Истрагата продолжува.

FixCredit
Escape