ПРВ.мк
Свет

На 17 години го напуштил училиштето, денес е милијардер: Има само 25 години!

На 17 години го напуштил училиштето, денес е милијардер: Има само 25 години!

Британскиот претприемач Џејмс Дакомб на само 25 години стана најмладиот самостоен милијардер во Европа, откако неговите технолошки компании забележаа огромен раст.

Неговата приказна започнала уште во 2017 година, кога решил да го напушти средното училиште и да се посвети на претприемништвото. Тогаш го основал стартапот CoMind, компанија насочена кон развој на технологија за следење на мозочната активност.

Четири години подоцна добил Тил стипендија, која му овозможила целосно да се фокусира на развојот на своите бизнис-идеи наместо да продолжи со класично високо образование.

Најголемиот дел од неговото богатство денес е поврзан со Olix, лондонска компанија основана во 2024 година, која развива чипови за вештачка интелигенција.

Компанијата забележала огромен раст за само шест месеци, а на почетокот на август нејзината вредност достигнала околу 3,3 милијарди долари, откако успеала да привлече инвестиции од 312 милиони долари.

Со ваквиот развој на компанијата, Дакомб на само 25 години успеал да достигне статус на милијардер и да се најде меѓу најмладите европски претприемачи со богатство од вакви размери.

Неговиот подем е уште повпечатлив ако се земе предвид дека целиот пат го започнал како тинејџер кој решил да го напушти училиштето и да ризикува со сопствена технолошка идеја.