Трагедија се случила во четвртокот попладне на албанското крајбрежје, каде што животот го загубило 24-годишно момче по несреќа со моторен чамец.
Според информациите на албанската полиција, несреќата се случила околу 16:15 часот во морскиот појас меѓу Рјол и Рана е Хедун, во зона предвидена за пловидба.
Во гумениот моторен чамец во моментот на несреќата имало три лица. Според првичните сознанија, 24-годишникот под засега неразјаснети околности паднал од пловилото во морето.
При падот бил зафатен од пропелерот на моторот и се здобил со тешки повреди. Веднаш била организирана помош и момчето било пренесено во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.
Полицијата започнала истрага и работи на утврдување на точните околности под кои се случила трагедијата.









