ПРВ.мк
Магазин

ДАЛИ СЕ СМИРИЈА КАРЛЕУША И ДУШКО? Сцената од настапот предизвика лавина реакции

ДАЛИ СЕ СМИРИЈА КАРЛЕУША И ДУШКО? Сцената од настапот предизвика лавина реакции

Јелена Карлеуша синоќа настапила во преполн белградски клуб, а посебно внимание привлекло присуството на нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ.

Тошиќ на настапот дошол заедно со нивните ќерки, а вечерта донела момент кој веднаш станал тема на социјалните мрежи.

Иако по разводот нивните односи извесен период не биле најдобри, во последно време се забележува промена. Поранешниот фудбалер неодамна присуствувал и на роденденот на Карлеуша, а сега дошол и да го следи нејзиниот настап.

Во еден момент Јелена јавно му се обратила на Душко и му ги посветила емотивните песни „Tihi ubica“ и „Sad je sve okej“.

Според српските медиуми, Карлеуша пеела видно емотивно, додека Душко од публиката ѝ испратил знак со срце.

Снимките од моментот брзо се прошириле на социјалните мрежи, каде што дел од фановите почнале да шпекулираат дека меѓу поранешните сопружници сè уште постојат емоции.

Најнови вести