Македонија ја очекува уште еден екстремно топол период, но по температурите над 40 степени следува промена на времето со локални невремиња.
Во сабота ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе се движат од 35 до дури 41 степен, а ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Промената започнува во недела. Температурите и натаму ќе бидат високи, до околу 40 степени, но во попладневните часови наместа ќе се развива нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни и посилни невремиња со град.
Во понеделник нестабилноста ќе биде поизразена. Се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне повторно ќе има услови за пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Температурите постепено ќе се намалуваат и во понеделник максималните ќе се движат од 31 до 38 степени.







