ПРВ.мк
Свет

Земјата силно се тресеше – земјотрес од 7,2 степени

Земјата силно се тресеше – земјотрес од 7,2 степени

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Перу, предизвикувајќи вознемиреност меѓу населението.

Според информациите на Националниот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил во покраината Паринакочас, во департманот Ајакучо, на околу 800 километри јужно од главниот град Лима.

Земјотресот бил регистриран на длабочина од околу 66 километри.

Силното тресење ги натерало граѓаните да ги напуштат своите домови и објекти и да излезат на улиците.

Засега нема информации за загинати или повредени лица. Според првичните снимки и информации што се споделуваат, на одредени места е забележана материјална штета.

Надлежните служби ја следат состојбата, а дополнителни информации за евентуалните последици од силниот земјотрес се очекуваат во следниот период.

Видео: