ПРВ.мк
Свет

КРИМСКИОТ МОСТ НЕМА ДА ОСТАНЕ ТАМУ!“ – Зеленски со остро предупредување до Путин: „Ова е наша земја!

КРИМСКИОТ МОСТ НЕМА ДА ОСТАНЕ ТАМУ!“ – Зеленски со остро предупредување до Путин: „Ова е наша земја!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати нова порака до Москва во врска со Кримскиот мост, тврдејќи дека рускиот претседател Владимир Путин го користи објектот за транспорт на големи количества воена опрема кон полуостровот.

Во интервју за американската телевизија NBC News, Зеленски порача дека не треба да им се придава значење на изјавите на рускиот лидер за Крим, нагласувајќи дека станува збор за украинска територија која, според него, е привремено окупирана.

„Не е важно што Путин зборува за нашата земја и за Крим. Ова е наша земја“, изјавил Зеленски, додавајќи дека Украина ќе продолжи да одговара на руските напади врз украинските објекти.

Украинскиот претседател посебно се осврнал на Кримскиот мост, кој го поврзува полуостровот со руската територија. Според неговите тврдења, мостот се користи за пренесување воена опрема, а Москва, како што порача, мора да разбере дека тој „нема да остане на своето место“.

Зеленски истовремено изразил надеж дека ќе биде пронајден дипломатски начин за завршување на војната. Сепак, нагласил дека Украина е решена да ги оствари своите цели и дека тоа ќе го направи дипломатски или, доколку биде потребно, воено.

Неговата изјава доаѓа во време на продолжени воени дејствија и несогласувања околу идниот статус на окупираните украински територии.

Најнови вести